Градоначалничката на општина Македонска Каменица Соња Стаменкова учествува на дебата која што се одвиве на тркалезната маса во Македонското Собрание на тема „Унапредување на паритетот и справување со дигиталното насилство врз жените во политиката“
“Денес и утре во Собранието на Република Северна Македонија учествувам на тркалезната маса „Унапредување на паритетот и справување со дигиталното насилство врз жените во политиката“.
Како жена во политиката и градоначалник, ова е тема која ја разбирам не само теоретски, туку и низ личното и професионалното искуство.
Родовата еднаквост не е само прашање на бројот на жените во политиката. Важно е жените да имаат еднаква можност да бидат слушнати, да одлучуваат и да придонесуваат, без притисоци и без насилството – особено она што денес толку лесно се префрла во дигиталниот простор – да стане дел од политичката секојдневица.
Политичката критика е демократско право. Навредите, заканите и личните напади не се.
Верувам дека за поголемо учество на жените во политиката не се потребни само квоти и бројки, туку и средина во која жената може слободно, достоинствено и рамноправно да ја врши својата функција.
Благодарност за поканата и можноста да бидам дел од овој важен дијалог.
Заедно да создаваме политика во која има повеќе простор за знаење, работа и одговорност – а помалку простор за предрасуди и насилство.”
-напиша во врска со овој настан градоначалничката Стаменкова.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!