Општина Кочани го поддржува настанот Розов пикник појадок, што ќе се одржи в недела, 4 октомври 2026, во Школка, Градски парк – Скопје, со почеток од 11:30 ч.
Настанот претставува заедничко собирање за поддршка и подигнување на свеста кај жените што се соочуваат со рак на дојка, но и за сите што сакаат да бидат дел од оваа мисија.
Планирана е розова прошетка, вежби за лимфедем, музичка и танчарска програма, но пред сè можност за дружење и разговори.
Заинтересираните можат да го пријават своето учество во настанот на телефонскиот број 072 275 619, најдоцна до четврток, 1 октомври 2026 година.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здравјето почнува со добри навики: dm поддржа панел за машкото здравје и понуди dmBio и Sportness закуски на Health & Fitness Forum 2026 во Скопје
Објавен е „Буле и Куле мамкини и таткини“ – роман за младешкиот бунт и светот на возрасните
Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026