Денеска во просториите на Општина Виница се одржа работен состанок со угостителските субјекти, на кој се разговараше за законитоста на користењето на угостителските објекти, со посебен акцент на усогласеноста на одобрената намена на објектите со дејноста што фактички се врши во нив.
На состанокот беа презентирани законските обврски што произлегуваат од важечката законска регулатива, како и постапките што треба да ги преземат субјектите кои вршат угостителска дејност во објекти или делови од објекти со одобрена станбена намена, а за кои е потребна пренамена во деловен простор.
Целта на средбата беше навремено информирање на угостителите, разјаснување на отворените прашања и утврдување на конкретни насоки за усогласување на работењето со законските прописи, во соработка со надлежните институции.
Општина Виница останува посветена на воспоставување јасни и еднакви правила за сите угостителски субјекти, со почитување на законите, но и со разбирање за потребите и предизвиците со кои се соочуваат локалните бизниси.
Нашата цел е ред, законитост и еднакви услови за сите!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани
43 годишна жена од Берово физички нападната од нејзиниот сопруг