Претрес во беровско, пронајден динамит
Денеска (05.09.2023) во 06 часот во с.Митрашинци, беровско, по добиена судска наредба од Основен суд Кочани, извршен е претрес во домот на Б.Б. (63) во с.Митрашинци. При извршениот претрес во куќата во која што тој живее, пронајдени се 22 пакувања со експлозив (околу два килограми) и 9 м бавногоречки фитил. Б.Б. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Извор:МВР

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани