БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Запознајте го талентираниот уметник Хантер

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Дефинитивно најслаткиот и најталентиран уметник што постои е кучето Хантер.

Се работи за куче од видот Шиба Ину кое црта феноменални апстрактни слики. Благодарение на неговиот талент , тој има илјадници следбеници на социјалните мрежи. Хантер живее во Алберта, Канада.

„Нашата куќа имаше голем ѕид што сакавме да го насликаме. Пробавме неколку нешта, но ништо не ни се допаѓаше. Бидејќи Хантер е важен дел од нашите животи, си помисливме дека би било добро ако нацрта нешто за нас.

Се обидовме да го научиме да ја држи четката и потоа да ја доближи до лист хартија. Кога додадовме боја, резултатот беше изненадувачки. Имаше многу енергија и изгледа најсреќен кога му даваме физички и ментални вежби, па го научивме на што е можно повеќе трикови. Може да си ги собира играчките, да ни го подава влечките и слично.

Дефинитивно тој е најпаметното куче што сме го имале, но има силен карактер па ако не сака да прави нешто ни кажува.“

– објаснуваат неговите сопственици.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од 2017 година до денес Хантер преку електронска продажба има продадено повеќе стотици негови уметнички креации со заработка над 15 илјади фунти.

Денес неговите слики чинат и до 50 фунти а секоја слика е потпишана со отпечаток од неговата шепа.

Досега Хантер својот уметнички штафелај го има поставено пред голем број природни знаменитости како и пред значајни објекти од каде што ја црпи својата инспирација. Зависно од неговото расположение тој користи различни четки а секоја негова слика е уникатна по неговиот израз.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace