БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево ги отвара вратите за сите граѓани на Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Делчево преминува во наредна фаза од своето работење. После сериозното кадрово екипирање кое што беше направено во минатата година, партијата во Делчево е подготвена за нови победи и борба за спроведување на политики во интерес на граѓаните. Она што е примарна цел на актуелното раководство на локално ниво е борба за остварување на барањата на делчевчани за обезбедување на подобар живот за сите граѓани. Токму од тие причини ОК на ВМРО-ДПМНЕ ја структурира својата работа како директен сервис на граѓаните а прв стадиум е директната комуникација со секој граѓанин кој што има било каков проблем во однос на актуелните состојби од политичко значење во општината.

“Почитувани,

Од денес 05 Септември 2023 година од 19:00 часот, просториите на Општинскиот комитет Делчево, во рамките на акцијата “Заедно со народот” и “Концепт 800+ За Делчево” ќе бидат отворени секој ден од понеделник до сабота во период од 19:00 до 21:00 часот за средби на нашите сограѓани со членовите на Општинскиот комитет, претседателите на Месните комитети и Комисиите на Општинскиот комитет.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Членовите, симпатизерите, но и сите граѓани ќе можат да не посетат, да дадат идеја, сугестија, свое мислење, да посочат проблеми со кои се соочуваат и заеднички да изнајдеме решение.

Денес, граѓаните ќе можат да поразговараат со Комисијата за здравство на ОК Делчево на тема “Актуелни состојби во здравството и мегаскандалот “ОНКОЛОГИЈА” “ и со претставници на Месен комитет Разловечко востание за тековни активности во комитетот.

Се гледаме! 🇲🇰

#Концепт800Плус #ВМРОДПМНЕ #ЗаДелчево# ПроектиЗаГраѓаните“

-стои во соопштението упатено до јавноста на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот