Вчера во Античкиот театар во Охрид, со настап на светски познатата оперска певица, Елена Мошук и тенорот Калин Братеску, во придружба на оркестарот од Македонска филхармонија под диригентската палка на Николае Молдовенау, започна 58. издание на „Охридско лето“.
По 58 пат Охрид и Македонија ќе бидат домаќини на стотици уметници. Тие уметници со себе ќе го донесат светот, за потоа со себе во светот да го понесат Охрид како македонското огледало на европската култура – рече покровителот на фестивалот, Претседателот на Р. Македонија Ѓорѓе Иванов прогласувајќи го за отворен.
Честа да ја испрати пораката од уметниците оваа година му припадна на актерот Никола Ристаноски, кој рече дека уметноста можеби нема да го спаси светот, но може да не поучи како да станеме благородни, благодарни и возвишени.
Покрај бројните љубители на класичната музика, на отворањето на фестивалот присуствуваа и голем број личности од јавниот живот, политичари, дипломати и други официјални гости. „Охридско Лето“ и Охрид оваа година ќе бидат домаќини на повеќе од 800 уметници од 27 држави од целиот свет.
Охрид ве очекува.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи