БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Адреналинска ЕНДУРО трка викендов во Берово

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Берово домаќин на возбудливата ЕНДУРО трка , во организација на Мотоциклистичката федерација на Македонија, мото клуб Мото-Велес и општина Берово.

Се работи за прва трка од државниот шампионат во Ендуро за 2018 година и трка која за прв пат ќе се одржи во Берово. Моторциклистите го одбраа Берово како атрактивна возбудлива дестинација за таква намена од причина што изобилува со прекрасни терени за адреналинско ендуро.

Според најавите, трките ќе се возат во два натпреварувачки денови (09:00-16:00 часот во сабота 14.07.2018год. и од 10:00-16:00 часот во недела 15.07.2018 год.) и ќе се бодувааат за државниот шампионат во Ендуро. На настанот ќе учествуваат околу 70 учесници од Цела Македонија и од Грција. Предвидени се три класи кои ќе се бодуваат E1, E2 и E3 (T1 кинески до 450cc) и ОПЕН ХОБИ класа која нема да се бодува за шампионатоти на која ќе можат да земат учество и моторциклисти кои немаат натпреварувачка лиценца . Отворената класа ќе им овозможи на младите ентузијастите да го искусат натпреварувачкиот предизвик во Ендуро. Според информации од Претседателот на мото клуб Мото-Велес- Ванов Сашко, желба на Моторциклистичка федерација на Македонија е догодина да се донесе Балкански Ендуро Шампионат, токму во Берово а веќе следната година истото да добие Светски ранг, кое нешто е вистински предизвик за нас како Општина со оглед на тоа што мотошампионите го одбраа токму Берово за реализација на своите амбиции.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За престојните случувања во Берово е информиран и првиот човек на светското Ендуро , Алан Блансат од Република Франција , кој е возбуден поради доаѓањето во Берово и воодушевување на природната посебност која овој град ја поседува на терен.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace