БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Билетите во ЈСП со ново поскапување

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Шилегов на една од претходниците седници на Советот на Градот Скопје напомена дека Владата ќе ги обезбеди средствата, за набавка на нови 40 автобуси на ЈСП, но Владата по се изгледа нема намера да покрива ништо , и останува финансискиот дел да тежнее врз јавното претпријатие.

Советникот Јован Лазаров од СПМ и коалицијата “ За подобра Македонија “ запраша дали ќе поскапат билетите со оглед на ситуацијата.

Што е со оние 100 милиони денари што ги симнавте од буџетот на Град Скопје под изговор дека Владата ќе ги обезбеди овие средства? Сега викате дека ЈСП ќе земело кредит, а самото претпријатие нема никаква финансиска кондиција. А дали тоа значи дека ќе поскапи превозот на патниците, со цел ЈСП да ги врати парите за кредитот,

-запраша Лазаров.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Шилегов додаде дека ова ќе биде старт на новиот концепт на превоз во Градот Скопје, и дека немало потреба да се оптоварува буџетот со 100 милиони денари кои би се искористиле за купување на нови автобуси. Владата нема да даде пари , но ќе гарантирала за кредитот кој би се зел.

Градоначалникот не одговори конкретно зошто го оптоварува буџетот на ЈСП, и колку ќе се движат новите цени на билетите.

Креирано од:


Пренеси го гласот