БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општина Берово не застанува во развојот на полето на животната средина-се пофали со донација од 1 контејнер и 5 кантички за отпад

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На последната седница на Советот на Општина Берово одржана на 16.07.2018 година била донесена Одлука со која на општината ќе и бидат доделени

1 голем контејнер за крупен отпад и 5 висечки кантички за поситен комунален отпад,

-соопштуваат од општинската администрација.

Според известувањето напишано на официјалниот службен интернет сајт на општина Берови се вели дека меѓу општината Берово и именуван правен субјект била особено успешна во изминатиот период, така што еко магацинот кој што е поставен во Берово е втор по количество на собран електричен и електронски отпад во Р. Македонија за изминатата година. Ова било особен успех затоа што според бројот на жители Берово е во групата на мали општини во државата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Тоа ни дава за право да се пофалиме како Општина која високо котира во управувањето со е-отпадот и отпадните батерии,

-информираат од Општина Берово.

Контејнерот и кантичките ќе бидат поставени на соодветни локации во Берово, а од општината се надеваат дека истите ќе фопринесат за зголемување на свеста кај граѓаните за зачувување на животната средина.

Извор: Општина Берово

Креирано од:


Пренеси го гласот