Кога станува збор за корнет, единствена асоцијација ни е секако сладоледот, но луѓето добиле инспирација да си поиграат со него. Благодарение на „Coffee Cone“, кафуле во Токио, омилениот додаток за сладоледи на сите луѓе ширум светот добива нова улога на шолја за кафе што може да се јаде.
„Coffee Cone“ се специјализирани за овој феномен, иако многу кафулиња ширум светот имаат желба но и побарувачка да го продаваат овој производ. Кафулето нуди голем број корнети со различни вкусови но и декорации. Покрај неверојатниот вкус на кафето, ова кафуле исто така е познато и по своите ремек-дела, прекрасни цртежи на кафето што само дополнително ја зголемуваат креативноста на изумот.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
КИЦ СКОПЈЕ РАСПИША KОНКУРС ЗА ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ