БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Адвокат од Битола во Мариовска традиционална носија е главна атракција меѓу навивачите во Букурешт

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Македонските навивачи се едни од највпечатливите на ова Европско првенство во фудбал. Овој епитет за кратко време го заслужија припадниците на Македонската фаланга кои што денеска се главна атракција по улиците и баровите во Букурешт. На старата калдрма во центарот на главниот град на Романија се играше Македонското оро и тоа на особено автентичен начин. На чело на орото беше Дарко Јанкуловски од Битола кој го поведе орото среде Букурешт каде денеска Македонија го игра првиот меч против Австрија на ЕП во фудбал.

Јанкуловски кој е адвокат а во Битола е познат под прекарот “Гуменио” е облечен во традиционална македонска носија од мариовскиот крај и е една од главните атракции во стариот град во Букурешт.

Орото се играше на стиховите на на песната “Бисер Балкански” од Гоце Николовски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот