БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

АФМ се огради од секаква одговорност за инцидентот на кружните трки во Скопје

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По повод инцидентот за време на одржувањето на денешните кружни трки во Скопје, вечерва со соопштение се огласи Автомобилистичката федерација на Македонија која се огради од секаква одговорност, потенцирајќи дека трката била организирана од лица кои не се членови на АФМ.

– Автомобилистичка федерација на Македонија (АФМ) изразува длабоко жалење за учесниците во денешниот инцидент кој се случи на кружната трка во Скопје и се оградува од секаква одговорност за настанатиот инцидент на трката бидејќи беше  организирана од лица кои не се членови на Федерацијата, спротивно на сите правила на Федерацијата и очигледно без задолжителни безбедносни мерки за организирање на вакви натпревари. Федерацијата укажа на сите органи кои ја подржаа вака организираната трка, вклучително и Агенцијата за млади и спорт и Министерството за внатрешни работи, кои навремено беа известени дека трката се организира спротивно на правилата на АФМ  и без никакви безбедносни мерки, стои во соопштението на АФМ.

Од Автомобилистичката федерација изразија очекување во иднина, Агенцијата за млади и спорт и сите останати државни органи, како што велат, да не  дозволат да се организираат натпревари од неовластени организатори, спротивно на правилата на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) чија членка е АФМ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Денешната трка во четвртата дивизија беше прекината во 8-от круг поради излетувањето на Урош Бркиќ при што е повреден организаторот на трката и претседател на АКК Примо авј, Александар Димушевски кој е префрлен во болница.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace