Заменик министерот за правда на Република Македонија Агим Нухиу на социјалните мрежи се пофали дека новиот Предлог закон за помилување е во завршна фаза на подготовка по што ќе се најде во собраниска процедура.
“Се финализира новиот Предлог закон за помилување!
Предлог-законот за помилување се разгледува од експерти, академскиот кадар и раководителите на државните институции.
Како резултат од компаративните анализи со земјите членки на Европската унија како и регионот, со Предлог-законот за помилување предвидовме постапката за помилување да се поведе по правосилноста на пресудата!
Со предметниот Предлог-закон се уредува и обврската и овластувањата на судот и на казнено-поправната установа веднаш да ја спроведат таканаречената претходна постапка за помилување, да дадат претходни податоци за донесување одлука и да ги достават списите до Министерството за правда. Во меѓувреме, министерот за правда пополнетите документи со потребните податоци за одлучување и со свој предлог, ги доставува до Претседателот на Република Македонија.
Министерот за правда треба да формира Комисија за помилување која ќе ги разгледува барањата за помилување. Комисијата треба да ја сочинуваат министерот за правда кој е член по службена должност и шест члена со мандат од четири години. Предвиден е и начинот на работа како и донесувањето одлуките на Комисијата.
Претседателот на Република Северна Македонија исто така може да формира Комисија за помилување како советодавно тело.
Со новиот предлог закон за помилување ќе се пополнат сите празнини за самоволни одлуки!”
-стои во соопштението на Агим Нухиу- Заменик министер за правда во владата на Димитар Ковачевски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Алиу – Кузмановска: Во најтешките мигови едно семејство донесе одлука што значи живот – спасен живот на пациент со трансплантација на црн дроб и подобрен квалитет на живот кај пациент со трансплантиран бубрег
Мицкоски изрази чудење за различниот став на Градоначалникот на Крива Паланка и неговата матична СДСМ во врска со стратешкиот проект во село Луке
Мицкоски во однос на обвинувањата на Блерим Беџети од ДУИ: секој има право на презумција на невиност