Влатко Ѓорчев во својство на член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Пратеник во Собранието на Република Македонија декеска на прес конференција во партиското седиште алармираше за можната висока стапка на инфлација клоја може да биде катастрогална за граѓаните на Република Македонија.
Инфлацијата тропа на врата, гледаме дека секој ден се зголемуваат цените на бензините и на дизелот, а од друга страна имаме ситуација во која што се зголеми акцизата од 3,5 денари од страна на оваа влада на Зоран Заев и Драган Тевдовски и таа трае веќе со месеци.
соопшти Ѓорчев.
Како ВМРО-ДПМНЕ бараат веднаш и неодложно да се укине акцизата за зголемување на цената на дизелот и неговите деривати од 3,5 денари која беше воведена од страна на Владата предводена од СДСМ, бидејќи
Цената која што ја плаќаат граѓаните, економијата, автобуските превозници, камионскиот транспорт, но консеквентно и сите останати кои што се погодени со оваа инфлација која што и се случува на Македонија е секојдневна.
Трошоците за економијата се огромни. Се работи за повеќе од 40 милиони евра на годишно ниво. Доаѓаме до еден фрапантен заклучок, а тоа е дека откако Зоран Заев е премиер цената на дизелот во Македонија се зголеми од 46 на 65 денари. Тоа е зголемување од повеќе од 40%
Повеќе од 40% отиде нагоре цената на дизелот во времето на владата на Зоран Заев. Бројките се страшни, се влошуваат и од тие причини треба да имаме одговорни економски политики кои што ќе ја ублажат болката која што ја чувствува и стопанството и граѓаните и сите оние претпријатија чија што фундаментална дејност е директно поврзана со транспортот, пласманот, дизелот и сето она што им е потребно за работа.
-истакна Влатко Ѓорчев.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВО МАГИЧЕН АМБИЕНТ ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖА „ПОТОЧИЊА 2026“
Алиу – Кузмановска: Во најтешките мигови едно семејство донесе одлука што значи живот – спасен живот на пациент со трансплантација на црн дроб и подобрен квалитет на живот кај пациент со трансплантиран бубрег
Мицкоски изрази чудење за различниот став на Градоначалникот на Крива Паланка и неговата матична СДСМ во врска со стратешкиот проект во село Луке