БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Aктерите Џејсон Момоа и Двејн Џонсон против изградбата на опсерваторијата која ја сквернави светата планина на Хаваи

Actor Jason Momoa holds the hands of his children, Nakoa-Wolf Momoa, left, and Lola Momoa, right, as he is welcomed with a hula while visiting elders and Native Hawaiian protesters blocking the construction of a giant telescope on Hawaii's tallest mountain, at Mauna Kea Access Road on Wednesday, July 31, 2019, in Mauna Kea, Hawaii. (Hollyn Johnson/Hawaii Tribune-Herald via AP)

Пренеси го гласот

Летото во 2019 годинa, бројни познати личности, меѓу кои и актерите Jејсон Момоа и Двејн Џонсон им се придружија на демонстрантите кои протестираа околу планината Мауна Кеа на Големиот остров на Хаваи.

Домородните активисти во регионот долги години се борат против изградбата на гигантскиот телескоп на планината. Во текот на изминатите неколку децении, астрономите и универзитетите градат големи опсерватории на светата родна земја на домородното население.

Actor Jason Momoa giving a speech as he is welcomed with a hula while visiting elders and Native Hawaiian protesters blocking the construction of a giant telescope on Hawaii’s tallest mountain, at Mauna Kea Access Road on Wednesday, July 31, 2019, in Mauna Kea, Hawaii. (Hollyn Johnson/Hawaii Tribune-Herald via AP)

13 опсерватории се веќе изградени во простори кои се свети за домашната култура, а домашните активисти веруваат дека најновиот проект, опсерваторијата Триесет метарски телескоп (ТМТ), би можел да биде нивниот последен начин на искажување на револт против огромната градба.

Додека познатите личности се приклучија на протестот од неговиот почеток недела, привлекувајќи меѓународно внимание на ова прашање, гувернерот на Хаваи, Дејвид Иге ја укина вонредната состојба издадена за растерување на демонстрантите и издаде двегодишно пролонгирање на изградбата.

Џејсон Момоа, кој исто така е со хавајско потекло, е голем поддржувач на домородните демонстранти и ја користи својата платформа на социјалните мрежи за подигање на свеста за ова прашање повеќе од една година. Момоа им се придружи на демонстрантите за да покаже поддршка, заедно со поп-ѕвездата Бруно Марс, Двејн Џонсон и други.

“Го сакам моето наследство. Со сета почит кон потрагата по научно знаење, ние секогаш мора да го заштитуваме она што е свето за нашиот народ “, рече Момоа во објавата на Инстаграм во врска со протестото во 2019 година.

Двејн Џонсон тогаш направи слична објава на Инстаграм, велејќи дека:  „Поголемото раководство треба да влезе тука и треба да има лидерство со емпатија. Целата идеја за овој [протест] не е за запирање на напредокот. Не станува збор за запирање на науката. Се работи за почитување на културата и за почитување на луѓето и за правење работи на вистинскиот начин “.

Од другата страна на протестните линии, астрономите исто така не се согласуваат на кој начин треба да се справат со ситуацијата.

На 17 јули 2019 година, дипломираните студенти по астрономија објавија отворено писмо во кое се бара државата да ги повлече полициските службеници од Мауна Кеа, како поддршка на протестите.

И покрај пролонгирањето тогап, гувернерот на сојузната држава Хаваи, Дејвид Иге ветува дека „ќе оди напред со проектот на мирен начин“.

bregalnickimarketing

На протестите во Јули 2019 година беа уапсени поголем број на повозрасни водачи на домородното население на Хаваи од кои над 30-тина од нив се уште се дел од судски процес за попречување на изградбата на 30 метарскиот телескоп.

“Не бев исплашен”- соопшти минатата година Максин Кахаулелио кој што светата планина на која што е планирано да се гради телескопот ја смета за најсвето место во традицијата и постењето на хародот на Хаваи.

“Во моментот ког го добивме повикот рекоа дека големите машини доаѓаат и дека ќе ззапочнат со сквернавењето. Стоевме на врвот на планината од 2.30 утрото… смрзнувајки се, н 9000 стапки надморска висина. Тие ја имаа сета опрема со себе а ние немавме ништо освен кебиња и џџемпери”,- соопшти лани 83 годишниот Максин во очекување на неговото судење со уште 30-тина негови сонародници.

Оваа планина чиј што врв е на надморска висина од 9966 метри е највисоката планина во светот од самото нејзино подножје кое се наоѓа на морското (нулта) ниво па директно до самиот врв.

Атрактивноста на локацијата за поставување на ваква опсерваторија од страна на астрономите е голема поради фактот што над Хаваи се наоѓа најчистото ѕвесдено небо од каде што може да се набљудува вселенаата. Планираниот телескоп би можел да гледа 12 пати подлабоко во вселената од Хабл телескопот кој што моментално служи за вакви намени.

Креирано од:


Пренеси го гласот