“На средбата со црногорскиот колега Дритан Абазовиќ, во рамки на Економскиот форум, дискутиравме за регионалната соработка и важноста од просперитет на општествата.
Нашата взаемна соработка како билатерално, така и меѓународно, во рамките на НАТО, е мост преку кој се градат искрени пријателства меѓу двата народа, кои од година в година се продлабочуваат.
Непроценливи се искуствата кои взаемно ги разменуваме, на тој начин помагајќи си на патот кон ЕУ, на патот кон повисоки демократски вредности и стандарди, со цел да придонесеме кон поквалитетен живот на граѓаните, како во Република Северна Македонија, така и во Црна Гора.”
-соопштение за јавност на Премиерот Димитар Ковачевски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ХИП-ХОП: НИНА ТАЛЕСКА Е СВЕТСКИ ВИЦЕШАМПИОН!
ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ за нова светска војна?
Интерес на воената индустрија на САД за инвестиции во Македонија