БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Александар Николоски: Преспанскиот договор е неодржлив од двете страни на границата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во денешното неделно интервју за сервисот на Радио слободна Европа, Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, покрај повеќето актуелни политички теми во Република Македонија, говореше за ефектите од Преспанскиот договор како во Македонија така и во Грција.

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ разговарале на меѓупартиско ниво внатре во Европската Народна партија за можна промена на некакви идни односи на Договорот од Преспа, Потпретседателот Николоски одговори:

Со Мицотакис не сме разговарале. Но, апсолутно сме разговарале во форумите на Европската народна партија. Јас минатата година, неколку дена пред изгласувањето на уставните промени, во месец октомври, разговарав со претседателот на Европската народна партија, Жозеф Дол, му презентирав еден план за тоа како мислиме дека можат да се решат работите. Но овие критики покажуваат една посуштествена работа, а тоа е дека процесот ниту во Македонија, ниту во Грција бил инклузивен, односно владите го воделе самостојно. Гледаме со тек на време дека тие влади немаат ни поддршка од населението, во Грција се покажа сега на изборите, во Македонија ќе се покаже на следните парламентарни избори, што кредибилитетот на целиот изборен процес го доведува во прашање, зошто за такво битно прашање, суштинско прашање, за Македонија најбитно, а во Грција е во топ 3-4 прашања, ако не ги вклучите сите сериозни играчи на политичката сцена, се случува ова што се случува сега, а тоа е голем дел од политичката јавноста, но исто така и од населението да е фрустрирано од договорите. Во Македонија заради една работа, во Грција заради друга работа. Тоа е рецепт како не се прават договори. И затоа мислам дека овој договор е неодржлив.

Целото интервју на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, може да го погледнете и прочитате на интернет порталот на Радио Слободна Европа

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот