Со цел да се одбележи една недела од заминувањето на Кирацовски од позицијата генерален секретар на СДСМ, ви ја претставувам современата, сдсмовска верзија на “Сердарот“ наречена “Кирацот“.
КИРАЦОТ
Пискотници се слушаат од Битола до Дебар,
Што тешка несреќа ги збра
И шминкерки и фризерки, та гласи тажна ека
И навева сал коб и зла?
Дал криза во СДС ги фати?
Ил ВМРО во напад се вдал?
Дал ЕУ арачлии предвреме им прати
Да збираат арач лут без жал?
И криза во СДС фати
И ВМРО во напад се вдал
И ЕУ арачлии предвреме им прати
Да збираат арач лут, без жал.
Та и Кирац, фраер славен, падна сменет од Заев,
Тој фраер прочут падна в политички бој,
И ќе плачат шминкерки и фризерки сега,
А да ги теши нема кој…

Пишува: Разловчанка Македонска


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст