БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

57 Државна изложба „Денови на македонска фотографија 2019“ во Прилеп

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ на 57-мата по ред државна изложба „Денови на Македонска фотографија 2019“, беа претставени 122 фотографии од страна на реномирани македонски фотографи, во организација на Фото сојузот на Македонија и Фото кино клубот Прилеп.

Благодарение на мошне успешениот ангажман и покажани успеси Фото Кино Клубот од Прилеп, ја доби можноста да биде домаќин на годинешнава 57-ма по ред државната изложба “Денови на македонска фотографија„.

Со ова полека, но сигурно покажуваме дека Прилеп прераснува во значајна и незаобиколна дестинација за креативните индустрии, особено кога аудио – визуелните уметности се во прашање. Несомнено во оваа група на македонски фотографи лежи иднината на оваа мошне значајна уметност “,

-истакна градоначалникот Илија Јованоски.

На изложбата се доделија награди на најдобрите, а почетокот на ова викенд фотогравско дружење започна со проекции на фотографии на неколку македонски автори во просториите на Градската библиотека „Борка Талески“.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Фото кино клубот има организирано фото сафари низ Прилеп и населеното место Штавица на кое ќе присуствуваат голем број истакнати македонски фотографи.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace