Александар Николоски- Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во своето вчерашно гостување во емисијата “Само интервју” на КАНАЛ 5 ТВ зборуваше за повеќе актуелни политички теми со изнесување на дузина интересни аргументи и факти во јавноста.
Тој на прашањето во врска со војната во Украина на почетокот од интервјуто нападот на Руската федерација на Украина го оквалификува како воената агресија и обид за освојување на територија.
На под-прашањето “Дали е виена операција, дали е инвазија, дали е агресија…” Николоски рече дека
“Веројатно е се во едно. Последно нешто што мислам дека било кој очекуваше во третата декада на 21 век е да се случи во војна и тоа на европско тло, на најстариот континент, на континентот од кој што потекнува светската демократија и светската цивилизација. Се работи за еден ужас, нема зборови со кои што може да се искаже тоа што во моментот се случува во Украина. Најлошата работа што секако може да се случи е војна. Таму се случува војна, гинат луѓе. Мене ми смета онаа поделба на цивили и војници, па кога едните ќе загинат е оправдано а кога другите ќе загинат е не е оправдано. Не е оправдано кога било кој гине, и војници кога гинат и цивили кога гинат е неоправдано затоа што тоа се изгубени човечки животи тоа се татковци, браќа, сестри, мајки… Затоа е војната лоша и најлошото нешто што може да му се случи на човештвото е секако војна. Мене некој да ми кажеше пред десет години дека за 10 години ќе има војна која целосно ќе ја уништи Украина, јас ќе кажев дека нема шанса да се случи тоа. “
-соопшти Николоски на почетокот од своето вчерашно интервју на Канал 5 ТВ.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Алиу – Кузмановска: Во најтешките мигови едно семејство донесе одлука што значи живот – спасен живот на пациент со трансплантација на црн дроб и подобрен квалитет на живот кај пациент со трансплантиран бубрег
Мицкоски изрази чудење за различниот став на Градоначалникот на Крива Паланка и неговата матична СДСМ во врска со стратешкиот проект во село Луке
Мицкоски во однос на обвинувањата на Блерим Беџети од ДУИ: секој има право на презумција на невиност