Министерот за здравство, Азир Алиу и деканот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, проф. д-р Благој Ристевски потпишаа заеднички Меморандум за соработка меѓу Министерство за здравство и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола.
– Водени од потребата за меѓусебна координација и партнерство, ја продлабочуваме соработката со цел поефикасно спроведување на законски утврдените обврски. Овој чин претставува јасна потврда на нашата заедничка определба за институционална соработка и на заедничката визија за модерен, ефикасен и одржлив здравствен систем. Убеден сум дека ова партнерство ќе донесе конкретни резултати – подобро едуцирани кадри, иновативни решенија и поефикасен здравствен систем во служба на граѓаните, изјави министерот Алиу
Значајна димензија на овој Меморандум е дигиталната трансформација на здравството. Преку примена на современите технологии, заеднички ќе работиме на зголемување на ефикасноста, транспарентноста и квалитетот на здравствените услуги во нашата држава.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција