БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Амбасадорката на Хрватска во посета  на Општина Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

В. д. градоначалникот Венко Крстевски ја прими во официјална посета на Општина Кочани амбасадорката на Хрватска, Н. Е. Нивес Тигањ.

На средбата амбасадорката се интересираше за состојбата во Кочани по трагедијата, за семејствата на загинатите, лекувањето на повредените и за потребите од соодветна поддршка.

Амбасадорката Тигањ и в. д. градоначалникот Крстевски разговараа и за можностите за промоција на туристичките капацитети на Кочани, како и за промоција и извоз на кочанскиот ориз на хрватското крајбрежје.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За таа цел, на покана на амбасадорката и на градоначалникот на Скрадин, в. д. градоначалникот Крстевски, на 12 септември ќе присуствува на фестивал на рижотото во Хрватска, каде што директно ќе разговара со бизнис-секторот за пласман на кочанскиот ориз.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace