БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ана Љубиќ: Кратко за 2020

Пренеси го гласот

Оваа година сепак имала крај, се почнува и завршува, така и на оваа чудна и луда година и’ го гледаме крајот. Уф ми доаѓа да здивнам и не знам од каде да почнам, велат дека во малку зборови е штосот, и со малку може да се каже многу.

Наздравивме со шампањ и не знаевме што не’ чека, но секој месец со нас си поигруваше како сака. Повеќе загубивме, оваа година ни однесе многу нешта, многу семејства се завија во црно, патиштата се сведоци на битка со смртта на една млада девојка која се бореше до последен здив,на момче кое од забава не се врати, на битка на момче кое замина да се провози со својот мотор но некој го однесе во смрт. Оваа година сообраќајните несреќи одземаа многу млади животи, деца кои допрва ги очекуваше возбудливо патешествие.
Оваа година млади мајки не ги помилуваа своите чеда, бебињата останаа без мирис на мајчино млеко, многу дедовци не им се израдуваа на внуците, многу жени не ги прославија празниците, многу мажи останаа без својата половина…Многу жртви однесе оваа 2020 година, а ни го донесе вирусот.
Многу семејства фрлија земја врз саканите, но многу ниту за последен пат се збогуваа, останаа со скршено срце и една мисла дали нивниот близок навистина почива тука.
Образованието се држи на сува гранка, на половина да падне и половина пак да ја дочека пролетта, останаа семејстава со по една плата, семејства без плата и на површина исплива каллта на нашава држава. Сметките се поголеми од приходите, и крај со крај луѓето едвај врзуваат. Се се’ разниша, ако кивнеш не ти велат на здравје, бегаат од тебе што подалеку. Луѓето се плашат, ниту се ракуваат ниту бакнуваат, на гости и да сакаш не смееш да одиш, комшијата може да пријави повеќе од 4 гости.

Но знаете… ова година покрај се што ни одзема нешто и ни донесе.
Научивме да се сакаме, да се сплотиме и помагаме, видовме кои се’ нашите пријатели, стекнавме нови познанства, онлајн можеби но сепак убави, велат се’да си но позитивен немој, бидете позитивни со мислата. 2020 беше наш голем предизвик исто како и животот, не предизвика на истрајност, на борба… прифативме, иако жива рана имавме сепак прифативме, за инает на се, храбро и посилни ќе излеземе. Животот е прекраток за да го живееме два пати. Насмевни се, да ја испратиме годината и да се надеваме на поубава и успешна, со добро здравје и добивки, повеќе рожби,насмевки без маски, да си се прегрнеме, животот доста ни даде болка, време е за радост и среќа.

2020 и ти короно по една клоца и да ве нема!!!

Пишува: Ана Љубиќ

Креирано од:


Пренеси го гласот