Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев преку писмено соопштение напиша: “ Премиерот Зоран Заев насила го турка прашањето за референдумот, само, како што пишува, за да ја покрие капитулацијата во преговорите со Грција и прифаќањето на капитулантски договор. Граѓаните ќе му кажат НЕ на Заев, зошто се против некој да си дели 10,5 милиони евра, народни пари, на фирми на своите советници и соработници. Граѓаните ќе му кажат НЕ на Заев, зошто се против обидот без срам да се украдат 35 милиони евра од здравството, пари на народот и да се доделат на фирми формирани пред само неколку месеци“. Јанушев во соопштението додаде и дека доколку референдумот не успее, граѓаните очекуваат да си замине од политиката.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист