БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Јанушев: Поради злото кое го нанесоа сега повторно ќе бидеме сведоци на изјави од Заев за “жицата и семето Македонско”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор јанушев денеска во соопштение до јавноста ги разоткрива голата популистичка политика на актуелната власт и обидите на Зоран Заев со празна реторика и целосна неспособност на сите полиња да ги лаже граѓаните во наредниот период за повторно да ја добие нивната доверба.

Во недостиг на реализација на политики за подобрување на животот на сите граѓани во Република Македонија и очајно ниво на реализација на капитални проекти кои ќе генерираат поврат на вредност во Македонското општество и економија, како и аматеризмот при носењето на закони а потоа ретерирање од истите, Зоран Заев ќе прибегне кон неговата добро позната реторика на неговата “жица и семето Македонско”.

Во продолжение во целост ја пренесуваме реакцијата на Игор Јанушев преку социјалните мрежи:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Зоран Заев – водачот на криминално-рекетарската банда на власт повторно во “јалов” обид, со истата реторика од 2014 година, ВМРО е со деструктивна политика, ВМРО е криминално, ВМРО нема понуда, ВМРО е против ЕУ и НАТО …

Не дека не кажав уште пред неколку недели на некое од гостувањата во медиумите дека освен реториката од 2014 и 2015 година немаат ништо друго.

И, тоа е така од неколку причини, но еве сега ќе издвојам 2 кои сметам дека предничат:

  1. Освен криминал, рекет, манипулации и лаги немаат ништо со што можат да излезат во јавност. Нема една работа во било кој сегмент од општественото жувеење со која можат да се “пофалат”. Неспособни се! Неспособни криминалци!
  2. Соочени со неминовниот пораз на 12 април, соочени со одговорноста од која нема да може да избегаат се обидуваат да го запрат вртоглавиот пад кој го имаат на буквално сите анкети и рејтинзи, но најважно, немањето поддршка од народот од буквално било која фела поради злото кое го нанесоа на сите граѓани на Република Македонија. Па, затоа, сега повторно ќе бидеме сведоци на изјави од Заев за “жицата и семето Македонско”.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace