Жителите на Општина Македонска Каменица добиваат модерно сообраќајно поврзување и во најодалечените периферни населени места во општината.
Реализацијата на овој проект на Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски е во рамки на политичките определби и програма за работа за обезбедување на асфалт до секое населено место во општината за подобрување на стандардот за живеење за секој граѓанин.
“ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ПАТОТ ДО МААЛА ДОГРИИ
Денес започна асфалтирањето на локалниот пат до маала Догрии во село Дулица. Тимови од Општина Македонска Каменица континуирано ја следат реализацијата на проектот за се да помине во најдобар ред. Паралелно се одвива и асфалтирањето на улица Церска во Македонска Каменица.
Наредната недела потпишуваме Договор за изградба на осветлување на кеј на река Каменичка, како и изградба на втората фаза од улица Миле Јаневски Џингар.
Продолжуваме посветено!”
-соопшти Градоначалникот Димче Атанасовски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот Гоцевски ги повика граѓаните на Делчево да го креираат новиот Буџет на општината
29 годишник од Кочани ја нападнал својата 35 годишна вонбрачна сопруга
Работник паднал во отворена шахта на неговото работно место во селото Градец, виничко