Градоначалникот на општина Виница Миле Петков денеска беше во теренска посета на реализација на градежните активности за изградба на три улици во селото Трсино.
Досега се асфалтирани две од предвидените три улици а во наредните неколку денови ќе биде пробиена и асфалтирана и третата улица.
“Извршивме увид во фазата на асфалтирање на улиците во с.Трсино.
Активностите се одвиваат според предвидената динамика, асфалтирани се две од предвидените три улици. Во наредните денови ќе биде асфалтирана и преостанатата ново пробиена улица.
Според договорот што го склучивме со извесувачот во наредните 8 месеци ќе бидат асфалтирани и рехабилитирани рекорден број на улици во населените места и градот Виница.
Средствата за реализирање на овој проект се целосно одвоени од Буџетот на Општина Виница, во вредност од 45 милиони денари.
Продолжуваме со реализирање на проекти кои се најзначајни и ќе го подобрат квалитетот на живеење на сите граѓани на Општина Виница!”
-информираше за јавноста Миле Петков- Градоначалник на општина Виница.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Товарно возило удрило во мопед на магистралниот пат Штип-Делчево
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип