Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија објави повик за поднесување на проектни апликации за физички и правни лица на Македонците од дијаспората.
Станува збор за поднесување на идеи и иницијативи од јавен интерес за зачувување и унапредување на врските на Македонија со своите сонародници во дијаспората.
Рок на пријавување на иницијативите е до 24 април а апликациите може да се поднесат во електронска форма како и испратени по пошта до ДКП-ата на Македонија во странство.
ЈАВЕН ПОВИК
за доставување проектни апликации наменети за правни и физички лица од редовите на дијаспората
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија ги повикува сите заинтересирани организации, здруженија и поединци од редовите на дијаспората да достават проектни апликации со идеи и иницијативи од нивен интерес, насочени кон унапредување на врските со матичната држава и поддршка на активностите на дијаспората.
Рок и начин на аплицирање
Рокот за поднесување на апликациите е 15 дена од денот на објавување на Јавниот повик на веб-страницата на Министерството. Предлог-проектите доставени по истекот на наведениот рок нема да бидат разгледувани.
Проектите се доставуваат во скенирана форма по електронски пат, и тоа:
- до Министерството, преку електронската пошта на надлежните Дипломатско-конзуларни претставништва (ДКП) на Република Северна Македонија во странство, и
- како и до Секторот за дијаспора при МНРНТ на e-mail адресата: dijaspora@mfa.gov.mk
Доколку апликантот не е во можност да го достави проектот во скенирана форма, истиот може да го испрати по пошта до надлежното ДКП.
Согласно внатрешниот Правилник за утврдување на постапката за доделување проектни средства наменети за потребите на дијаспората, министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе формира Комисија за разгледување и евалуација на пристигнатите проектни апликации.
Комисијата ќе изготви предлог-одлука за распределба на средствата, врз основа на утврдени критериуми и квалитетот на доставените проекти.
Апликантите чии проекти ќе бидат одобрени ќе бидат писмено известени по електронски пат од страна на Министерството.
Ги охрабруваме сите заинтересирани субјекти од дијаспората активно да се вклучат и да придонесат со свои квалитетни предлози и иницијативи.
-стои во соопштението упатено до јавноста


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Берово се приклучи кон одбележувањето на 150 годишнината од Разловечкото востание
Божиновска на Belgrade Energy Forum 2026: Македонија ја зацврстува позицијата како активен регионален партнер во енергетската транзиција
Градинките во Аеродром се претворија во еко-работилници: малите херои учеа како се селектира отпад