БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Азир Алиу: Успешна реализација на 11 значајни инфраструктурни и медицински проекти на Детска клиника

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Азир Алиу: Наша цел е сите клиники да бидат инфраструктурно и технолошки вака опремени и со добар кадар

 Денес заедно со премиерот Мицкоски ја посетивме Клиниката за детски болести по повод завршување на 11 значајни инфраструктурни и медицински проекти, насочени кон подобрување на условите за лекување и згрижување на најмладите пациенти.

– За да биде здравството поблиску до граѓаните има три столба коишто директорот денес ни ги претстави – инфраструктура, добри технологии во работата и добро обучени доктори. Голема благодарност до директорот Мемеди за тоа што го видовме пред и после реализираните проекти, нашата цел е сите клиники да бидат инфраструктурно и технолошки така опремени и со добар кадар,  истакна при денешната посета министерот за здравство, Азир Алиу.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Директорот на клиниката, Реџеп Мемеди информираше дека веќе се реализираат активности за зајакнување на кадарот, клучен предуслов за функционален и одржлив здравствен систем. Во тек е реализација на нови вработувања за доктори, административен кадар, медицински сестри, лаборанти и биолози. Исто така, е завршена е постапката за вработување четворица специјализанти, а наскоро ќе се објави и нов оглас за тројца лекари, за кои веќе се добиени согласности. Во претстојниот период ќе бидат воведени три медицински процедури и ќе се отвораат нови кабинети за хемодијализа и ултразвучна цистографија на одделот за нефрологија, обезбеден е и апарат за стрес-тест на одделот за кардиологија.

Поддршката од Владата е оперативна и се препознава со секоја подобрена болничка услуга и со секое дете што ќе добие третман каков што заслужува.

На новинарско прашање, министерот информираше дека од денес има нова веб страница на Министерството за здравство, поставена е апликација за отворен кабинет, преку која граѓаните ќе имаат можност од наредната недела секој петок да се пријават од 10 до 15 часот и да закажат за 15-минутна средба со министерот.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace