Денеска (25.06.2025) од страна на полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, со поддршка на Единицата за брзо распоредување, од објект на правно лице за производство на марихуана за медицински цели, лоциран во општина Зелениково, одземени се 2014 килограми сув цвет од растението канабис.
Канабисот е одземен од управителот Ш.Ф.(43) од Република Турција, поради утврдени нерегуларности во работењето, спротивно на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, за што веќе против правното лице и управителот од страна на МВР е поднесена кривична пријава по чл.95-в од Законот.
Одземениот канабис е сместен во магацинот на Агенција за управување со одземен имот.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија