По поднесеното барање од страна на подносителката Билјана Ванковска-Цветковска, Судот спроведе претходна постапка и го изнесе предметот на седница(25.06.2025) на која одлучи дека не може да стане збор за повреда на слободите и правата согласно членот 110 алинеја 3, односно не е сторена дискриминација по основ на политчка припадност.
За Судот е неспорен фактот дека Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски усулуги е надлежен орган кој постапил во согласност со важечките законски и подзаконски прописи.
Во рамки на својата надлежност и службена должност АВМУ го издала Упатството кое има за цел на радиодифузерите да им го појасни начинот на примена на правилата и ограничувањата предвидени во Изборниот законик за претседателските и парламентарните избори 2024 година, односно ја утврдила распределбата на минути за платено медиумско политичко рекламирање кое им следува на претседателските кандидати и политички партии за време на изборната кампања.
Уставниот суд цени дека Упатството претставува општ, а не поединечен акт, што значи дека се однесува на сите кандидати, односно се применува и важи подеднакво за сите и поради тоа не може да стане збор за поинаков третман по основ на политичка припадност, ниту пак е повредено уставно-загарантираното право на политичко дејствување.
Извор: Уставен суд на Македонија


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија