БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Делегацијата на Европската Унија во Македонија во посета на Општина Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија предводена од Амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. Михалис Рокас остварија официјална посета во Општина Кочани и средба со в.д градоначалникот Венко Крстевски.

На средбата се споделија информации за моменталната ситуација во Општината, како и предизвиците со кои се соочуваме. Од страна на в.д градоначалникот и општинската администрација беа презентирани можностите и потенцијалите за развој на градот, со акцент на младите кои ќе бидат едни од главните приоритети на Општината во следниот период. Во склоп на денешната средба беше презентиран Спомен–домот „АСНОМ“ како еден од капиталните објекти на градот, којшто во иднина треба да се реновира и да биде ставен во функција на младинските организации.

Се разговараше и за досегашната поддршка од страна на ЕУ која се однесува на изминати и тековни проекти поддржани од страна на ЕУ, но и за понатамошната заедничка соработка, поддршка во повеќе сегменти и проекти кои Општината допрва ќе ги има во иднина и ќе бидат од големо значење за развој на градот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот