Претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски во текот на денешниот ден имаше свој митинг т.е. собир во Берово.
Забележливата празнотија на платото на плоштадот пред бината на која зборуваше Стево беше маскирана со фотографии од ниска перспектива и со држење на растојание меѓу него и дојдените поддржувачи на неговиот настап во Берово.
Берово е една од најпогодените општини од ударот на бела чума што го зафати истокот од државата во изминатите неколку години, така што на Беровчани ценејки според малата поддршка за актуелниот претседател се чини ја научиле лекцијата од минатото.
Ја нема гужвата од пред 5 години кога Стево Пендаровски заедно со Зоран Заев ветуваа за беровчани “брда и долини” а најмногу од се ЖИВОТ и АЈРО.
Обидувајки се да им влее малку елан на неговите малкумина поддржувачи Стево Пендаровски заигра и оро на плоштадот, но се чини попусто.

Ваквата потиштеност и разочараност на жителите на Берово од политиките на актуелната власт вклучително и целосното отсуство од животот на беровчани на Стево Пендаровски во изминатите 5 години со сигурност ќе се рефлектира на претстојните избори кога овој народ ќе соопшти громогласно во каква држава и каква иднина сака да живее.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево