БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Бројни тимови за поддршка на Професорката Гордана Силјановска Давкова денеска го преплавија Делчево

Пренеси го гласот

Во попладневните часови по улиците на сите населби низ Делчево можеа да се видат поголем број на различни тимови со повеќе ведри и насмеани ликови со обележја на кампањата на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова.

Паролата “Македонија повторно ГОРДА” се пресели од двор во двор, од врата до врата низ населбите во Делчево кои беа посетени од ведрите лица на активистите-поддржувачи на професорката Давкова на кои можеше да се забележи позитивна енергија и решителност за промени на актуелната мрачна реалност во која живее Делчево.

Делчевчани кои што беа посетени од страна на луѓето кои ги пречекуваа во своите домови се интересирале за датумот кога професорката Давкова ќе го посети Делчево за да можат од прва рака да се запознаат со нејзе како и лично да и упатат пораки кои им тежат на луѓето во нивното секојдневие.

Градот Делчево е еден од оние кои што наголемо доживеа разочарување од политиките на актуелните власти на СДСМ и ДУИ, но и од политиките на Стево Пендаровски, кој ни под разно не излезе помеѓу граѓаните во изминатите пет години, поминувајки го целиот петгодишен мандат во вилата на Водно.

Дополнително Делчево како центар на македонштината и општина што го носи името на Македонскиот син Гоце Делчев, во никој случај не одговара на кажувањата на Стево Пендаровски дека Гоце се изјаснувал како Бугарин и е мотив повеќе за големата поддршка на сите горди и достоинствени делчевски семејства да ја поддржат Гордана Силјановска Давкова во на 24 април.

Како една од главните определби на професорката Гордана Силјановска Давкова е дека ќе го врати укинатиот институт “Народна канцеларија” за која најави дека може да биде мобилна или пак регионална со повеќе претставништва во повеќе општини низ државата се со цел да биде што е можно поблиску до граѓаните.

Караванот од млади, ведри и насмеани лица за поддршка на професорката Давкова низ Делчево ќе продолжи и во наредните денови, така што ниту еден дом нема да биде одминат за да се побара поддршка за големата победа што претстои на целиот Македонски народ, најавуваат од штабот на кампањата на Професорката Давкова во Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот