Во соопштение упатено до јавноста од страна на политичката партија Левица, прифесорката Билјана Ванковска која што е кандидат за претседател на државата поддржана од оваа партија информираше дека таа ќе се залага за донесување на нов устав во државата, но не под диктат на странците.
“Јас себе би сакала да се видам како народен претседател, кој ќе ги претставува сите граѓани. Некој мора да има храброст да каже дека овој Устав што го имаме е крпен, долепен, со најголем број на уставни амандмани, во толку кус период. По настаните во 2001 година, преку уставни реформи се модифицираше политичкиот систем. Со тој упад, ние практично го трансформиравме оној првично замислен либерален, демократски Устав, “Ние Народот”, “Ние Нацијата”, во”Ние, етничките заедници”. И од тука натаму, всушност почнува една сериозна деформација на политичкиот систем. Нас ни треба сосема нов Устав. Прашањето е само дали има политичка воља?”
-стои во соопштението на Билјана Ванковска.
Ваквиот став на професорката Ванковска следува само два дена по најавата на професорката Гордана Силјановска Давкова дека доколку ја добие довербата на граѓаните да стане претседател на државата ќе се заложи за формирање на парламентарна уставна комисија која што ќе ги идентификува сите аномалии на постојниот устав и ќе се заложи за донесување на нов устав на државата во најдемократска процедура и пред се во функција на сите граѓани подеднакво.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Миџкалис Рохас се сретна со невладини организации за да го презентира Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
Обвинение за организација на борби со кучиња
Лишена од слобода радовишанка поради лажна дојава за бомба во училиште во Радовиш, поднесена е кривична пријава