Басистот на легендарниот експериментален метал бенд Faith no more, произведува сопствена сливова ракија под брендот “YEBIGA”.
Со оглед на фактот што бендот го има прошетано целиот свет со свои настапи, помеѓу другите земји и низ земјите на Балканот, басистот Били Гоулд го заинтересирала балканската култура, како и останатите членови на бендот.
На нивниот настап на фестивалот Егзит во 2010 година вокалот Мајк Патон ја испеа песната “Ајде Јано” во негова интерпретација.
“Многумина не знаат но одејки по турнеи и патувајки со децении низ Балканот многу се приврзав за алкохолниот пијалок што се нарекува ракија. Во тие области таа се подготвувала со векови, но по се изгледа дека мнозинството на луѓе во Америка не знаат за неа, и ако знаат изгледа дека ја имаат запознаено само по валкани работи. На Балканот сум доаѓал сигурно 30-40 пати. Одев на турнеи со бендот, претстојував по домовите на нашите фанови, спиев на подови. И сите тие имаа некоја дедова ракија”,
-соопштиил Бил Гоулд во врска со оваа негова пасија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Ефектите од „Sasquatch Bigfoot“ врз туризмот и американската економија
Легендата за ИП Ман- учителот на Брус Ли
Најдобрите од нас се развиваат подоцна