БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Штабот на SEEGBRIG воената команда од Лариса, Грција префрлен во Куманово

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во текот на вчерашниот ден на пригодна свеченост во Лариса, Грција беше одржана поздравна церемонија со која се изврши примо-предавање на воената команда на SEEBRIG од Грција во Македонскиот град Куманово.

На самата церемонија присуствуваа воени претставници на оваа воена иницијатива од земјите членки, НАТО и локални политички авторитети.

SEEBRIG (Southeastern Europe brigade) претставува мултилатерална воена иницијатива за одбрана на земјите во југоисточна Европа во која полноправни членки се Албанија, Бугарија, Грција, Македонија, Романија и Турција. SEEBRIG иницијативата е формирана на 31 август 1999 година во Пловдив Бугарија. По неколку ротации на седиштето на SEEBRIG дојде ред штабната команда на оваа воена иницијатива да се смести во Куманово.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Бригадата се состои од 5000 војници алоцирани од земјите членки, со 4 механизирани пешадиски баталјони, една пешадиска чета и една механизирана чета, со една извидничка чета и еден извиднички баталјон.

Земјите членки на оваа иницијатива имаат обврска за обука на сопствените сили алоцирани во SEEBRIG во центрите за обука во нивните сопствени земји во согласност со заеднички востановените стандарди.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace