БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Беким Сали на средба со еврокомесарката Марта Кос: Постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари билатерална средба со европската комесарка за проширување, Марта Кос, во рамки на работната посета на Брисел.

Во фокусот на средбата беа европската перспектива на Северна Македонија, најновите случувања во политиката на проширување на Европската Унија, спроведувањето на Реформската агенда и можностите за забрзана и постепена интеграција во европските политики и програми.

Министерот Сали го поздрави Соопштението на Европската комисија „Preparing for a Wider Union“, нагласувајќи ја важноста на попредвидлив процес на проширување, заснован на заслуги и мерливи резултати.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

„Европската интеграција не треба да остане само политичка перспектива. Таа треба да се преточи во реални можности за нашите граѓани, економијата и бизнисите. Реформите што ги спроведуваме треба постепено да нè приближуваат кон пазарот, програмите и политиките на Европската Унија“, истакна Сали.

На средбата се разговараше и за спроведувањето на Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда. Министерот ја потврди посветеноста на Северна Македонија на реформите во владеењето на правото, јавната администрација, дигитализацијата, енергетиката и економската конкурентност.

Посебно внимание беше посветено на конкретните придобивки од постепената интеграција, вклучително и учеството во Единствената област за плаќања во евра (SEPA), можноста за проширување на моделот „Roam Like at Home“ и соработката во областа на дигиталната трансформација.

Министерот Сали ја нагласи и важноста на идната Повеќегодишна финансиска рамка 2028–2034, која треба да обезбеди стабилна, предвидлива и резултатски ориентирана поддршка за земјите кандидати.

Во рамки на посетата, еврокомесарката Марта Кос даде и посебно интервју за претставници на медиумите од Северна Македонија, овозможувајќи директна комуникација со јавноста за процесот на проширување и европската перспектива на земјата.

Министерството за европски прашања останува посветено на тесна соработка со европските институции, со цел забрзување на реформите и претворање на процесот на интеграција во конкретни резултати за граѓаните.

Креирано од:


Пренеси го гласот