БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Беким Сали учествуваше на проширената седница на Управниот одбор на ЕУДА во Лисабон

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Лисабон, 19 јуни 2026 година – Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на проширената седница на Управниот одбор на Агенцијата на Европската Унија за дроги (EUDA), која се одржа во Лисабон. Сесијата беше посветена на геостратешката дискусија за зајакнување на подготвеноста и одговорот на предизвиците поврзани со трговијата со дрога и новите психоактивни супстанции.

Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека Република Северна Македонија останува посветена на усогласување на националните политики и законодавството со европските стандарди во областа на безбедноста, јавното здравје и борбата против организираниот криминал.

Тој нагласи дека соработката со EUDA претставува значаен чекор во зајакнувањето на институционалните капацитети, особено во воспоставувањето на Систем за рано предупредување за нови психоактивни супстанции и унапредувањето на механизмите за следење и справување со предизвиците поврзани со дрогите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Сали потенцираше дека европската интеграција подразбира силни институции, ефикасна меѓуинституционална координација и доследна примена на европските стандарди во интерес на безбедноста и здравјето на граѓаните.

На состанокот беше нагласена и важноста на меѓународните партнерства во справувањето со заедничките безбедносни предизвици и зајакнувањето на европската отпорност.

Извор: Кабинет на министерот за европски прашања

Креирано од:


Пренеси го гласот