БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Берово успешно ги користи мерките на Владата од оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2026 година

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2026 година, усвоен од Владата на Република Македонија, за

5.1. Програма за работно ангажирање-Јавни работи,финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Македонија и Општина Берово, односно учество на Општина Берово во ОП за 2026,

Мерка 5.1. Јавни работи, Општина Берово на ден:15.10.2026година објавува:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К
до евидентирани невработени лица за вклучување во

Мерката 5.1 Програма за работно ангажирање-Јавни работи

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица со ниски квалификацииод територијата на општина Берово кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата  за работно ангажирање-Јавни работи во проекти од инфраструктурен карактер и заштита на животна средина, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово.

За спроведување на предвидените проекни активности од делокругот на Јавни работи предвидена е финансиска поддршка во износ од 800 денари по работно ангажирано лице,дневно,со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Работното ангажирање ќе биде реализирано во еден циклус годишно, во времетраење од 30 дена, по четири часа дневно.

Селекцијата на заинтересираните пријавени кандидати ќе биде извршена од Комисија формирана од страна на Градоначалникот на Општина Берово.

На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата за работно ангажирање-Јавни работиможат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово во периодот од15.10.2026 година до19.10.2026 од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општина Берово и Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и избраните кандидати.

Детални информации за Мерка 5.1 Програма за работно ангажирање-Јавни работи можат да се добијат во :

  •  Општина Берово кај лицето Даница Пиличовска, и во
  • Агенција за вработување- Центар за вработување Берово кај лицето Габриела Чучурска.

Извор: Општина Берово

Креирано од:


Пренеси го гласот