БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Бетонирана пешачка патека кај Алејата на ангелите на Градските гробишта во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По барање на родители на починати деца од Кочани во трагедијата во „Пулс“, а по претходно детектирани и образложени проблеми со кои тие се соочуваат при посетите на Градските гробишта, Општина Кочани уреди пешачка патека во непосредна близина на Алејата на ангелите.

Бетонираната пешачка патека е со должина од 130 метри и ширина од 2,5 метри и има за цел да обезбеди побезбеден и подостоинствен пристап за родителите и граѓаните кои секојдневно доаѓаат да им оддадат почит на своите најблиски.

Градоначалникот Владко Грозданов истакнува дека Општината останува посветена на создавање пристојни услови на ова чувствително место.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

– Должност на локалната самоуправа е да покаже разбирање, човечност и одговорност. Трагедијата што се случи пред девет месеци остави длабока болка, а наша обврска е да направиме сѐ што е во наша надлежност за родителите и семејствата да можат достоинствено да им оддадат почит на починатите младинци. Ова е мал, но неопходен чекор во таа насока – изјави Грозданов.

Општина Кочани најавува дека и во наредниот период ќе се разгледуваат дополнителни можности за подобрување на условите во овој дел од Градските гробишта, во согласност со потребите на семејствата.

Креирано од:


Пренеси го гласот