БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Битка во ИЕ3: Ова е разликата меѓу Јанушев и Николовски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Изборот во третата изборна единица меѓу главните политички фактори на претстојните избори се сведува на две имиња.

Од едната страна е Љупчо Николовски-Генерален секретар на СДСМ по потекло од Крива Паланка а од друга страна е Игор Јанушев-Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ од Велес.

Дијаметралната спротивност на политичката понуда на овие два политички конкуренти се разликува во секој поглед.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од позиција на власт Љупчо Николовски доаѓа со тригодишен багаж на неостварени ветувања од 2016 година кога тој како дел од екипата на Зоран Заев ветуваа се и сешто за граѓаните на Македонија а особено за граѓаните на Источна Македонија и Брегалничкиот регион, додека она што го испорачаа беше дијаметрално спротивно и различно од нивните ветување како за името на државата, уставот, двојазичноста, договорот со Бугарија, така и за оние попрактични делови од директен интерес на граѓаните во нивниот секојдневен живот: стандардот, здравството, состојбата во земјоделието, индустријата, итн. итн.

Игор Јанушев кој што со себе ја носи идејата за Обнова на Македонија во јавноста го сподели досегашното портфолио на лаги на генералниот секретар на СДСМ Николовски, кои датираат од пред изборите во 2016 година кога СДСМ и покрај тоа што ги изгубија изборите успеаја да создадат влада:

Во продолжение можете да ја прочитате целата објава на Јанушев:

“Предизборни лаги на СДСМ и Љупчо Николовски во 2016та година:

– За секое семејство по двајца вработени да има 1000 евра со кои ќе се покријат
Не само што нема плата од 1000 евра, туку и нема по двајца вработени во секое семејство.
Единствено што има е партиски вработувања, непотизам и беззаконие.

– Секој вработен во здравствениот сектор да зема дупло поголема плата
Не само што не се покачени дупло платите, немаше и 4 месеци плата за лекарите од „Ало докторе“, немаше опрема за медицинските работници кои во најголемата криза со Ковид 19 се снаоѓаа сами, здравството зависи од донации,но Нина Ангеловска бара донации за буџетот, нејзината НВО зема пари од Фондот за иновации.

– 32 општини гасифицирани
Бидејќи од сета оваа лага не е ништо реализирано, гасификацијата која сега е заглавена, целосно ќе ја одглавиме и ќе ја дозавршиме. Еден од стратешките приоритети на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде да се воведе природен гас за употреба во домаќинствата, индустријата, малите и средните претпријатија, образованието, социјалните установи, здравствените установи. Затоа ќе го изградиме гасоводниот систем во државата.

– Гаранција на откуп, пласман со нови договори и нови пазари за секој земјоделски производ.
Од сите лажни ветувања на СДСМ, половично им е реализиран само проектот за зелена нафата, но и тој не е успешен, бидејќи вредност во картичките е премногу мала и таа нафата не им користи.

– Чесна, одговорна и искрена власт
3 ипол години бевме сведоци на лаги, манипулации, криминални тендери, заробено судство.

Од одговорност нема бегање, исто како и од поразот кој ќе го доживее СДСМ на 15 јули!”

https://www.facebook.com/155612228493786/posts/611216696266668/

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace