БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Битлси објавија нова песна и видео запис на кој може да се видат повторно заедни 4 бубачки

Пренеси го гласот

“Сега и тогаш” (Now and then) e старо-нова песна на светскиот културолошки поп феномен The Beatles.

Снимена во 1970 година од страна на Џон Ленон со вокал и пијано, песната дури оваа година го виде светлото на денот на големо воодушевување на милионите фанови на Бубачките.

Во видеото за песната се појавуваат сите четворица оригинални членови на Билтси иако Џон Ленон и Џорџ Харисон се одамна починати, но нивните ликови делуваат свежо дури денеска.

Во описот на видеото објавено на јутјуб од продукцијата објаснуваат дека прв обид за да се објави оваа песна е направен во 1995 година но поради техничките неможности не можел да се одвои вокалот на Џон Ленон од звукот на пијаното од магнетната лента на која била снимена самата песна.

Но во 2022 година со помош на режисерот Питер Џексон бил развиен соодветен софтвер кој што овозможил ремастерирање на звукот на песната а резултатот од овој потфат денес можат да го слушнат и видат милиони фанови на The Beatles.

Креирано од:


Пренеси го гласот