Ќерката на починатиот фронтмен на бендот Нирвана Кирт Кобејн објави заедничка фотографија од себеси со Ноел Галагер- фронтменот на брит-поп бендот Оејзис. Во коментар со фотографијата Френсес Кобејн напишала: “Што правеше синоќа? @NoelGallagher ти благодарам многу за дружбата и за посветената песна и за тоа што беше добар другар”
Не е јасно која песна таа си ја препишала како своја посвета, но во минатото Френсес Кобејн е позната што изразила желба Ноел да и пее на нејзината идна венчавка. Оејзис се бенд кој што младата Кобејн го слушала додека растела како дете. Нејзината желба за венчавка е Ноел да одсвири интимен акустичен сет на песни од нивниот бенд.
Кобејн неодамна за изненадување на сите соопшти дека го преферира бендот Оејзис наместо Нирвана во интервју за Ролинг Стоун. “Извинете луѓе од промоцијата, Јуниверзал,” рекла таа со кисела насмевка.”Повеќе ги сакам Меркјури Рев, Оејзис, Масакр Брајан Џоунстаун” соопштила за магазинот смеејки се.
“Но “Territorial Pissings” (од албумот Nevermind) е навистина одлична песна. како и “Dumb” (од албумот In Utero)- Плачам секој пат кога ги слушам. Тоа е соголена верзија за перцепцијата на Курт за него самиот- или искуството кога е под дејство на дрога, без дрога, чувствувајки се неадекватен за да биде наречен гласот на една генерација.”
-изјавила Френсес Кобејн.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
🎭 Поддржете ги нашите 16 млади балетски уметници да заблескаат на Финалето на Youth American Grand Prix! ✨
Објавен конкурс за нови композиции фестивал “Бисер на Јадранот” 2025. – повик за пејачи, автори од Македонија
Таа е кралицата на New Age музиката, живее во замок до кој се пристапува со хеликоптер