Бидејќи Единствена Македонија и Бачев мислат дека луѓето се со многу кратко помнење да ги потсетиме дека се фатени во ноторна лага во врска со негирањето за нивното одбивање на Прогласот на #Бојкотирам кој го поддржаа огромен број здруженија, интелектуалци, професори, академици, спортисти, партии итн. и сѐ уште го поддржуваат.
Само неколку часа од објавувањето на Прогласот https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2237945616435567&id=2140814009482062 партијата на Бачев се огласи со следново соопштение напишано на нивниот фанпејџ.
https://www.facebook.com/1503076853320130/posts/1936366806657797/ што беше и повеќе од јасна порака кон Прогласот.
Втора работа со изјавава околу тоа кој колку се залагал и водел успешна кампања за бојкот на референдумот си има докази црно на бело од социјалните мрежи како Фејсбук, Твитер и Телеграм каде може убаво да се види дека кампањата на движењето #Бојкотирам беше почната крајот на јуни и траеше до 30-ти септември што е над 4 месеци активност, за разлика од Единствена Македонија и нивната 20 дневна кампања со еден автобус.
Дополнето со теренска активност каде помогнаа и други здруженија при што движењето #Бојкотирам се претвори во цела мрежа составена од различни организации кои помагаа со лепење постери, делење флаери и организирање информативни карвани низ републиката.
Трета работа е што од 85-те здруженија кои наводно ги поддржуваат Бачев и компанија пола веќе се оградија и тврдат дека биле ставени во листата на ЕМ без да бидат прашани и се приклучуваат кон нашиот Проглас за што ќе имаме и четврта листа. Ова отвара голема дилема за манипулација од страна на Бачев и искрените намери на ЕМ, Бачев.
Движењето #Бојкотирам нема намера повеќе да се занимава со партијата ЕМ и ова е последна објава за и околу нивните активности/изјави. Нашата цел е можеби иста, но патиштата ни се различни.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи