БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Борбата продолжува! Каде сте Македончиња?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пролог:

Кога ВМРО-ДПМНЕ протестира, зошто протестира? Кога ВМРО-ДПМНЕ не протестира зошто не протестира?

Овие прашања ги мачат луѓето кои седат по дома пред компјутер и поради редица причини се занимаваат со тоа што некој друг треба или не треба да го направи за Македонија. Дали е тоа досада во овие карантински денови во изминатиот период, добро познатиот, признат и афирмиран Македонски сеир или платена пропаганда за десеткување на опозицијата речиси и не е важно. Важно е што оваа група на луѓе се занимаваат со опозицијата, додека власта на СДСМ и Зоран Заев “хараат” низ државата како монголски освојувачи и хунска наезда.

Веќе втора недела ВМРО-ДПМНЕ почнувајки од Претседателот Христијан Мицкоски со целиот партиски врв се на улица предводејки ги протестите кои имаат за цел да го го соборат од власт хибридниот режим кој што се претвара во едноумие на еден човек.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Протестите против поскапувањето на електричната енергија што го направи партизираната регулаторна комисија на чело на “славеникот на изборни победи на СДСМ” Марко Беслимовски на само неколку денови по одржувањето на изборите, удри по џебот на секое домаќинство во државата.

Дали требаше Македонските граѓани масовно да излезат и да го поддржат овој протест?

Одговорот е повеќе и јасен затоа што

Сиромаштијата на Македонските граѓани е најголемата закана за опстанокот на Македонската држава.

Но тоа не се случи!

Ниската свесност на јавното мислење и недоволната подготвеност на Македонските граѓани да се борат за сопствените социјални права како и клиентелистичкиот однос кон власта на одредена критична целна група на граѓани кои што треба да бидат авангарда на подобрување на социјалните состојби во државата, овозможија овие протести против поскапувањето на електричната енергија да поминат со помал ефект во постигање на примарната цел за соборување на актуелната власт.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ преземајќи го приматот на борец за социјални права преку враќање на цената на струјата по старо, го помести тежиштето на своите десничарски политики кон крајно левичарска филозофија, што е маневар преку кој што се наѕираат намерите на опозициската партија да ги обедини сите граѓани во борбата против злото надвиснато над Македонија олицетворено во ликот и делото на Зоран Заев.

Комбинаториката на мешање на десничарски и левичарски политики е повеќе од потребно во овие кризни времиња, затоа што вистинското обединување на Македонските граѓани само на тој начин може да биде постигнато. Но тоа треба да биде направено на вистинскиот начин како би ја постигнало основната цел. А познат факт е дека само обединета левица и десница во историското ВМРО допринесувало до своевиден просперитет на Македонскиот национален идентитет низ историјата.

Критична маса на слободоумни интелектуалци на овие протести против одлуката на регулаторната комисија не видовме, затоа што овие граѓани вртејќи го погледот на друга страна сметаат дека ова поскапување на струјата нема многу да погоди директно по нивниот животен стандард. Но спиралата на осиромашување на граѓаните и зголемувањето на цените на сите производи како резултат на поскапувањето на струјата ќе предизвика аритметичка прогресија која во крајна линија ќе предизвика хаос и во најлош случај колапс на Македонија од видот на веќе виденото грчко сценарио.

Оттука развојот на граѓанскиот активизам во насока на постигање на поголеми социјални права за Македонските граѓани е повеќе од потребен во претстојниот период а ВМРО-ДПМНЕ ја има историската улога во својот политички корпус да обедини силна левичарска интелектуална елита кои што ќе го реформираат Македонското ретроградно општество.

Сосема на крај борбата за поголеми социјални права за граѓаните на Република Македонија е нужна, првично за одржување на Македонскиот национален идентитет а потоа и за негово унапредување преку комбинација на десничарски политики кои ќе доведат до развој на силна економија.

Првиот и би рекол најхрабриот чекор ВМРО-ДПМНЕ го направи.

Борбата продолжува!

Епилог:

Во продолжение сликовито ќе пренесам неколку историски факти кои што платениците на актуелната власт и wanna be клиентите на Зоран Заев од петни жили се трудат да ги минимизираат и погазат.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ беше присутно на протестот пред парламентот кога во собранието насилничката власт го менуваше Уставот на Република Македонија на 09.01.2019 година.

Да, ВМРО-ДПМНЕ не беше дел од насилството кое што поединци се обидоа да го направат тој ден пред парламентот.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ во целиот период од јуни 2018 па се до овој протест се спротивставуваше со ДЕМОКРАТСКИ сретства на намерата на власта да го промени уставното име. Некој ќе каже протестите против Преспанскиот договор биле организирани настрана од Скопје (во Битола) со цел за умртвување на отпорот.

Со информациите кои што излегоа во јавност во врска со акцијата “Атлантик” каде што над 3000 Македонски граѓани се следени од власта под ознака за терористичко загрозување на државниот поредок од страна на власта предводена од Зоран Заев и Оливер Спасовски ваквата постапка на раководството на ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од разбирлива и оправдана.

Лесно им е на подбуцнувачите пред компјутер да го провоцираат ВМРО-ДПМНЕ да повика на протест каде подготвени структури на власта во веќе подготвено сценарио чекаат да апсат нови “терористи” кои ќе гинат по Македонските затвори.

Од друга страна огромна храброст на Христијан Мицкоски беше молчешкум што ги поднесе сите вакви платенички пропагандни “хушкачи” врз својот грб во име на доброто за секој еден поединец кој би се нашол под удар на чизмите на хибридниот режим, кој гази по човечки животи.

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот