Минимизирање на појавата на корупција во рамки на работењето на општинската администрација во Штип е еден од приоритетите за постигање на локалната самоуправа предводена од градоначалникот Иван Јорданов.
Во тек е имплементација на проект за заштита од корупција кој што се реализира во соработка со Центарот за граѓански комуникации и Кралството Холандија со вработените во општинската администрација. Преку обука на вработени во локалната општинска администрација во рамки на овој проект ќе се подигаат капацитетите на општината за идентификација, превенција и спречување на појави поврзано со корупција.
“Во соработка со Центар за граѓански комуникации и Кралство Холандија, реализираме заеднички проект за заштита од корупција.
Денес и утре локалната администрација ќе биде присутна на обука, со која ќе стекнат вештини како да се борат против негативните пракси и како да ја зголемат ефикасноста при услугите дадени кон граѓаните.”
-соопшти Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа