Во врска со скандалот кој што денеска во јавноста беше обелоденет а надлежните (Премиерот Ковачевски и Министерката за одбрана Славјанка Петровска) упорно молчат со професор кој земал поголема сума на надомест затоа што пишувал текстови за поддршка на коалицијата на СДСМ и ДУИ, денеска во емисијата “ФИЛИБАСТЕР” на радио Лидер зборуваше со нови аргументи и тези пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
Да земате пари да склучите Договор на дело со Министерството за одбрана, да прифатите да пишувате агитациски текстови да се прават обиди за влијание врз вработени во Министерството за одбрана, во армијата на Република Македонија, само за одредена сума на пари и за тоа да не ви е срам, да потпишете документ мислам дека е повеќе од срамно. Тука се поставуваат многу прашања. Јас веќе неколку прашања и ги поставив јавно на Министерството, меѓутоа гледам дека Министерството како и за се друго ги игнорира тие прашања и ги игнорира тие повици, воопшто не станува збор за никаква транспарентност во Министерството за одбрана иако “удираат на тапани” дека “сме транспарентни” како институција итн. меѓутоа бегаат од одговори. Овде се поставуваат прашањата на пример колку такви ние договорци на дело имаме како овој угледен професор. Според она што јас имам информации имаме некаде над педесетина такви лица кои што се со договор на дело во Министерството за одбрана и кои што за одредени потреби се ангажирани од страна на министерот и претходниот- од Шеќеринска- Јанковска и сегашниот Петровска Славјанка. Над 50-тина такви луѓе земаат плата односно пари од граѓаните на оваа држава за да пишуваат текстови со поддршка на коалицијата на СДСМ и на ДУИ. Што мислам дека е срамно!
Понатаму се поставува прашање дали само во Министерството за одбрана имаме такви луѓе или имаме и во другите институции.
Понатаму се поставува прашањето колку пари реално се одлеани од буџетот на РМ, колкава е таа сума? Значи во услови на криза државата ни се наоѓа во 4 кризни состојби и петата е на повидок меѓутоа луѓето не престануваат со ангажирање на такви лица за свои партиски потреби. Мислам дека тоа е навредувачки.
-запраша пратеникот Драган Ковачки кој што е еден од врвните експерти во областа на безбедноста во Македонија и пошироко.
Целата емисија со Драган Ковачки може да ја погледнете на сл. линк тука.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Штипјанец сведочел а не пријавил нанесување на тешка телесна повреда
Македонија и Унгарија зацврстија стратешка енергетска соработка – делегација на министерството на петта седница на Мешовитиот комитет
„Вози безбедно – стигни сигурно“ – превентивна кампања на СВР Штип