БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Се асфалтира ул. “Церска” во должина од 2,5 км во Македонска Каменица

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Екипи на фирмата изведувач забрзано работи на изведбата на градежните работи за асфалтирање на улицата “Церска” во Македонска Каменица по барање на инвеститорот. Станува збор за асфалтирање на делница во вкупна должина од 2.5 километри со што ќе се заокружи една поголема функционална сообраќајна целина во интерес на подобрување на сообраќајните услови за граѓаните кои гравитураат во овој дел од општината..

Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски денеска во јавноста соопшти дека неговите настојувања се целата делница да биде завршена пред одржувањето на предвидените настани во манастирско-туристичкиот комплекс “Еленец” за кога се очекува да има поголема сообраќајна фреквенција по овој сообраќаен правец.

“Со асфалтирање на крак започна асфалтирањето на улица Церска во Македонска Каменица. Асфалтирањето ќе продолжи во текот на утрешниот ден и целата делница која е во вкупна должина од околу 2,5 км ќе биде завршена во најкраток можен рок.
Општина Македонска Каменица инсистираше и улицата ќе биде асфалтирана пред веќе потврдените настани кои ќе се одржат на Манастирско-туристичкиот комплекс “Еленец”, со цел да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот.
Продолжуваме посветено, чесно и одговорно во создавањето нова иднина за нашите граѓани.”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-соопшти Димче Атанасовски- Градоначалник на општина Македонска Каменица во јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace